Јирген Клоп в недела за последен пат ќе го води Ливерпул откако освои се што можеше да се освои, но дојде денот за разделба на германскиот стратег кој ќе остане запишан како еден од најомилените тренери во историјата на Ливерпул.
Комплименти до Клоп стигнуваат од сите страни, а долгогодишниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, испрати порака до управата на клубот – што поскоро да изгради статуа во чест на легендарниот тренер.
„Можам да кажам дека сите бевме возбудени од првиот ден кога Клоп дојде во клубот, од првата прес-конференција. Имав можност со Џејми Карагер да патувам со првата екипа на турнејата во Австралија, каде игравме еден егзибициски меч и имав можност да ја почувствувам таа неверојатна енергија. Се сеќавам дека седев во Мелбурн и размислував, би платил пари колку што би ми побарале само за да одиграм една година за Клоп, иако знаев дека тоа не е возможно. Сега доаѓа крајот на таа ера и искрено се надевам дека управата веќе почнала да гради статуа за Јирген. Тој навистина е толкава клупска легенда и заслужува такво нешто, ако говориме за најдобрите тренери во историјата, Клоп е тука, рамо до рамо со најдобрите“, изјави Џерард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА