Џерард ќе си донесе уште еден „стар пријател“ во Астон Вила

Стивен Џерард го користи своето реноме за да донесе квалитетни засилувања во Астон Вила. Откако успеа да го ангажира Филипе Кутињо од Барселона, Џерард е на добар пат да врати уште еден поранешен соиграч од Ливерпул назад во Премиер-лигата.

Станува збор за Луис Суарез, одличниот голгетер на Атлетико Мадрид со кого Џерард ја делеше соблекувалната во Ливерпул во периодот од 2008 до 2011 година. Уругваецот летово ќе стане слободен играч, веќе е извесно дека ќе си замине од Атлетико, а во Астон Вила се убедени дека ќе успеат да го вратат Суарез назад во Англија. Главен адут дефинитивно им е Џерард, тој веќе стапил во контакт со голгетерот, кој покажал интерес за повторна соработка со англиската фудбалска легенда.

Џерард се интересира за уште еден екс-фудбалер на Ливерпул, Џини Вајналдум, кој е несреќен по преселбата во ПСЖ и сака да се врати во Премиер-лигата. За средниот ред голема желба е и Кеси од Милан, но овој фудбалер се наоѓа пред трансфер во Барселона, па пореална опција е Бисума од Брајтон.

Се вчитува...