Џерард: Македонците се покажаа како цврста екипа, добро е што дојдовме до 2-0

Легендата на англискиот фудбал, Стивен Џерард дебитираше со победа на клупата на Глазгов Ренџерс. Триумфот од 2-0 за Шкотите против екипата на Шкупи во првото квалификациско коло за ЛЕ е повеќе од задоволувачки ако се знае дека стигна со гол од пенал буквално во последните секунди од мечот.

Џерард е свесен дека среќно дојде до одличен резултат кој нуди добра надеж за пласман во следната рунда квалификации за Лигата на Европа.

„Македонскиот тим се покажа доста цврст, компактен кој игра добра одбрана. Знаевме дека нема да биде лесен меч. Брзо дојдовме до предност, а потоа се до финишот се обидувавме да реализираме. На крајот добро е што дојдовме до победа од 2-0 која нуди помирен реванш. Но, и во Скопје очекувам тежок дуел поради што ќе мора максимално сериозно да пристапиме на истиот“ – рече Џерард на прес-конференцијата по мечот со Шкупи.

Се вчитува...