Џерард: Мудрик е како Робен, да бев навивач на Челси ќе бев многу возбуден

Стомилионското засилување на Челси, Михајло Мудрик дебитираше во „синиот“ дрес на вчерашното премиерлигашко дерби против Ливерпул. Украинецот влезе во игра во 55. минута и инспирираше со својата игра во која креираше две шанси за своите соиграчи кои сепак не успеаја да реализираат.

Пофалби за настапот доби и од легендата на Ливерпул, Стивен Џерард кој вели дека го потсеќа на Аријен Робен, а навивачите на Челси треба да се радуваат за трансферот.

„Изгледа како многу сериозен играч. Ме потсеќа на Аријен Робен. Да бев навивач на Челси ќе бев многу возбуден. Многу е брз, одлично ја контролира топката и покажа неколку неверојатени потези“, изјави Џерард, а со него се сложи и Рио Фердинанд.

„Видовте ли колку е експлозивен, но и дека во секунда носи многу добри одлуки. Тоа се квалитети кои носат страв во коски кај противничката одбрана. Сигурен сум дека навивачите на Арсенал ќе се прашуваат зошто не беше доведен“

Се вчитува...