Легендарниот англиски фудбалер Стивен Џерард, не планира во блиска иднина да се врати на тренерската работа.
Откако го напушти Ал-Итифак на крајот на јануари, екс играчот на Ливерпул е без ангажман, иако се поврзуваше со неколку клубови од Англија и од Саудиска Арабија. Сепак, засега нема планови околу иднината.
„Не сакам да се вратам на работата. Среќен сум кога ќе се разбудам да се чувствувам слободен, да правам семејни работи, да бидам ослободен од стресот. Сега сакам слобода, сакам да одам да играм голф, да одам во барот и да испијам неколку пива, тоа не можете да го правите кога сте тренер“, рече Џерард во подкастот на Питер Крауч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА