Џерард носи играч на Ливерпул пред двомечот со Шкупи

Глазгов ренџерс продолжува да се засилува за новата натпреварувачка сезона, која шкотскиот гигант ќе ја отвори со двомеч против Шкупи во квалификациите за Лигата на Европа. Стивен Џерард веќе доведе двајца нови дефанзивци, Никола Катиќ од Славен Белупо и Конор Голдсон од Брајтон, а според последните информации новиот стратег на ренџерси е подготвен да се засили и од редовите на својот поранешен клуб Ливерпул.

Десниот бек Џо Фланаган се наоѓа пред потпис со ренџерси откако помошниот тренер Гери Мекалистер вечерва објави дека англискиот фудбалер веќе отпатувал во тренинг-кампот на ренџерси, каде по лекарските прегледи ќе му се приклучи на тимот нa Глазгов ренџерс.

Фланаган до пред неколку сезони важеше за голем талент, доби и шанса за настап во Ливерпул, но не ја искористи, пред се поради проблемите со повредите на коленото што ги заработи. Тој ги одработе последните шест месеци на позајмица во Болтон, по што челниците на Ливерпул решија да не му понудат нов договор, па Фланаган како слободен играч ќе се пресели во таборот на Глазгов ренџерс.

Се вчитува...