Веќе нема никакви дилеми, шкотскиот гигант Глазгов ренџерс ќе биде првиот тренерски предизвик во кариерата на Стивен Џерард. Долгогодишниот капитен на Ливерпул последните 15 месеци ги мина работејќи во академијата на гигантот од „Енфилд роуд“, но кога пристигна понудата од Глазгов, Џерард без многу размислување реши да ја прифати.
„Едвај чекам да почне оваа нова авантура. Се надевам дека ќе биде позитивна, дека ќе оствариме успеси со кои ќе се надоврземе на бројните трофеи што овој клуб ги има освојувано низ историјата“ – изјави Џерард по потписот на четиригодишниот договор со ренџерси.
Тој заедно со себе го зема и поранешниот соиграч од Ливерпул, Гери Мекалистер, кој ќе му биде прв асистент во шкотскиот премиерлигаш. Предизвикот е огромен, да се симне од тронот на шкотскиот фудбал тимот на Селтик, на чија клупа седи поранешниот стратег на Ливерпул, Брендан Роџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА