Џерард составува екстра тим: По Кутињо пристига и Дињ (ФОТО)

Стивен Џерард продолжува да го сколопува составот кој треба да донесе слава на Астон Вила. По ангажманот на Филипе Кутињо, нов играч на клубот од Бирмингем е францускиот репрезентативец Лукас Дињ.

Левиот бек на „Вила Парк“ пристигнува од редовите на Евертон за кој оваа сезона одигра 15 натпревари на кои постигна еден гол во трансфер вреден 27 милиони евра и тоа за него ќе биде шестти клуб во кариерата по Лил, ПСЖ, Рома и Барселона.

Се вчитува...