Стивен Џерард веќе направи два големи трансфери оваа зима откако ја презема клупата на Астон Вила. Ги доведе Филипе Кутињо и Лука Дињ, а сега тргнува и по фудбалерот на Јувентус, Родриго Бентанкур.
Уругваецот не ужива преголема доверба кај Масимилијано Алегри, а неговото место го заземаа Мануел Локатели и Адриен Рабио. Поради ова Бентанкур можно е да биде продаден во Астон Вила за 25 милиони фунти.
Фудбалерот од средниот ред има 24 години, а во калчолигашот од Торино пристигна во 2017 година од таборот на Бока Јуниорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА