Легендата на Ливерпул, Стивен Џерад на гостување на подкастот на Рио Фердинанд говореше и за португалскиот стартег Жозе Мурињо.
Џерард откри дека жали дека во кариерата не заиграл за Португалецот бидејќи смета дека со тоа ќе бил подобар фудбалер.
„Го сакам како менаџер и како човек. Имавме „далечка врска“ со години. Но, жалам што не играв за него. Мислам дека ќе бев подобар фудбалер. И сигурен сум дека на „контото“ ќе додадев повеќе трофеи“, изјави Џерард кој сепак не жали дека не премина во Челси во 2005 година кога постоеше сериозен интерес од „сините“ кои тогаш беа предводени од Мурињо.
„Гледајќи назад од оваа перспектива воопшто не жалам дека не потпишав за Челси. Мојата врска со Ливерпул, со клубот од мојот град можеби не донесе голем број на трофеи низ годините. Важно ми е освојувањето на трофеи, но важни ми се и спомените и тоа што ми значи. Тоа што со Ливерпул освоив четири или пет трофеи ми значи многу повеќе од тоа да освоев 11 со Челси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА