Џерен Џексон Џуниор е најдобар дефанзивец во НБА лигата

Членот на Мемфис Гризлис Џерен Џексон Џуниор,  е избран за најдобар одбранбен играч на сезоната во НБА лигата.

23-годишниот фудбалер освои 56 од можните 100 први места во гласањето на медиумите со вкупно 391 поен. Втор беше Брук Лопез од Милвоки Бакс (309 поени), а трет Еван Мобли (Кливленд Кавалирс, 101 ).

Тој стана вториот најмлад добитник на оваа награда по Двајт Хауард во 2009 година. Тој имаше просек од 18,6 поени, 6,8 скока и една украдена топка по натпревар. Мемфис беше трет најдобар одбранбен тим во лигата и го заврши регуларниот дел од сезоната на второто место на Западот.

Неговиот татко, Џерен Џексон, исто така играше во НБА, освојувајќи шампионски прстен со Сан Антонио Спарс во 1999 година.

 

Се вчитува...