Џеси Лингард е отпишан во Манчестер јунајтед, па во моментов е во потрага по клуб каде би ја продолжил кариерата.
Како што пренесува англиски „Мирор“ веќе се во тек преговори на Лингард за преселба во редовите на милански Интер.
Антонио Конте сака да се ослободи од Кристијан Ериксен во овој преоден рок, а добрите односи меѓу Јунајтед и Интер по трансферите како оние на Санчез, Јанг и Лукаку, се добра основа и се доаѓање на Лингард во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

