Џеси Лингард во последен момент со шокантен трансфер во Ј. Кореја

Поранешниот репрезентативец на Англија, Џеси Лингард е пред промоција во јужнокорејскиот Сеул, пренесува „Би-би-си“.

Англичаните беа шокирани синоќа низ последните мигови од преодниот рок со информацијата за трансфер на 31-годишниот Лингард кој во Сеул би се преселил не со краток, туку со двегодишен договор и со можност за продолжување на уште една година.

Лингард во Јужна Кореја оди како слободен агент. За неговите услуги се интересираа и клубови од Саудиска Арабија и од Турција. Но, изборот падна на Сеул, а официјалната промоција се очекува наредните денови, бидејќи преодниот рок во Азија се уште трае.

Се вчитува...