Џиџи си е Џиџи, ама и трошок си е трошок: Буфон ќе брани уште една година во Јувентус, но за двојно помала плата

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуџи Буфон, ќе брани и следната сезона на голот на „старата дама“, но само ако се согласи да има двојно помала плата од сегашната. Италијанскиот првак му понуди можност на популарниот Џиџи да брани уште една сезона и да урива нови рекорди, но од него побара да се согласи на намалување на платата. Оваа сезона Буфон заработува 4,5 милиони евра, а следната би можел да биде на голот само доколку се согласи на годишна плата од 2,2 милиони евра.

Раководството на „бјанконерите“ сепак размислува пазарно и смета дека ветеранот треба да добие двојно помал договор од сегашниот. 40-годишниот Буфон се уште ја нема донесено конечната одлука дали ќе замине во пензија, или пак ќе остане на голот уште една сезона. Тој планираше да се пензионира по завршувањето на Светското првенство во Русија, но таа намера пропадна откако Италија шокантно не успеа да се пласира на мундијалот.

Се вчитува...