Поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ својата кариера ја продолжува во Будуќност, откако ги договори условите за соработка со црногорскиот шампион. Српскиот стручњак има договор со Партизан на уште една сезона, но по поразот во полуфиналето од српскиот шампионат порасна и притисокот за негово заминување од клупата на „црно-белите“.
Со оглед на лошата финансиска состојба на Партизан, управата на клубот нема да прави проблеми при заминувањето на овој стратег, па Џикиќ во следните неколку дена и официјално би требало да го потпише договорот со Будуќност.
Будуќност сезонава стигна само до полуфиналето од АБА-лигата, рутински триумфираше во домашното првенство, но раководството на клубот планира со Џикиќ на клупата сериозно да атакува на регионалното натпреварување, како и да се прикаже во далеку подобро светло во Еврокупот, каде црногорскиот првак целосно потфрли сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА