Серијата порази на Будуќност во Евролигата беше причина Александар Џикиќ да понуди своја оставка од клупата на шампионот на АБА-лигата. Поранешниот македонски селектор направи чудо откако лани стигна до титулата во АБА, но новата сезона ја стартуваше далеку под очекувањата, со шест порази во низа во Евролигата и два порази од Црвена звезда и од Цедевита во регионалното натпреварување.
Џикиќ самиот ја презеде одговорноста нудејќи ја својата оставка, но управата на клубот ја одби истата укажувајќи му доверба на овој стратег. Ова значи дека Џикиќ ќе го води тимот на дуелот со Морнар во АБА-лигата, но црногорските медиуми најавуваат дека во случај на пораз тој сигурно ќе си замине.
Во случај на тренерска смена, главни фаворити за нов кормилар на Будуќност се Александар Ѓорѓевиќ, Саша Обрадовиќ и Велимир Перасовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА