Џими Батлер дефинитивно заминува од Мајами

Со недели кружат вести за иднината на 35-годишниот ветеран во Мајами, каде што игра од сезоната 2019-2020. Шесткратниот НБА ол-стар Џими Батлер е подготвен да замине и Мајами Хит сака да го трејдува пред крајниот рок на 6. февруари, објави ЕСПН.

ЕСПН претходно објави дека Хит размислуваат за трејд, а Батлер сака да биде разменет во Феникс Санс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс или Хјустон Рокетс. Батлер заработува 49 милиони долари оваа сезона и има играчка опција од 52 милиони долари за 2025-2026 година, која наводно има намера да ја одбие за да стане слободен агент во јули. Оваа сезона во 20 натпревари имаше просек од 18,5 поени, 5,8 скока и 4,9 асистенции.

Хит со скор од 14-13 се на шестото место во Источната конференција.

Се вчитува...