Кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер се уште е топ тема во американската јавност по сагата за негово заминување од Флорида барајќи да го напушти клубот.
За американскиот бек сега говореше и Никола Миротиќ, Црногорецот со шпански пасош кој ја откри неговата луда рутина со тренинг во три часот наутро додека биле соиграчи во Чикаго.
„Џими Батлер е играчот кој најмногу тренираше напорно. Имаше луди рутини. Беше во тренинг центарот од три часот наутро, со свој тренер, тренираше во теретана од три часот, па од пет почнуваше со кошарка. Имаше и денови кога ќе дојдеше во тренинг центарот, ќе ги соблечеше патиките, ќе ги ставеше на стол и ќе не гледа како ние тренираме“, вели Миротиќ.
Батлер беше одбран како 30. пик од страна на Чикаго во 2011 година. Настапуваше за овој тим до 2017 година, забележувајќи и настап на Ол-стар викендот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА