Џин од 221 сантиметри ја засили Барселона

По три сезони поминати во Асвел, 221 сантиметри високиот центар Јусуфа Фал заминува од францускиот тим и кариерата ќе ја продолжи во Барселона со која потпиша едногодишен договор.

Дваесетидеветгодишникот го засили Асвел во 2021 година и му помогна на својот тим во 2022 година да стигне до трофејот во француското првенство. Имаше значајна улога и во Евролигата каде за 20 минути во просек поминати на теренот бележеше 8.8 поени и 6.7 скокови.

За Фал ова воедно значи и враќање во шпанското првенство каде во минатото настапуваше за Басконија.

Се вчитува...