Дубаи продолжува со трендот секој ден да објавува по еден нов трансфер, за формирање на екипа што дефинитивно ќе биде конкурентна во дебитантската сезона во Евролигата.
На ред дојдоа центарските позиции, па откако вчера беше потврден трансферот на Камењаш од Будуќност, денеска во Дубаи и официјално се пресели уште еден висок кошаркар. Станува збор за „џинот“ кој минатата сезона играше евролигашко финале со Монако, Мам Жаите, кој денеска потпиша договор на две сезони со тимот на Дубаи.
Жаите не беше прва центарска опција кај „кнезовите“, а Дубаи му понуди и далеку подобри финансиски услови, по што поранешниот центар на Виртус Болоња без многу размислување донесе конечна одлука околу следната дестинација во кариерата.
Само за потсетување, Дубаи претходно го потпиша и Џанан Муса од Реал Мадрид како супер-трансфер, а на новиот евролигаш му се приклучија и Алекса Аврамовиќ од ЦСКА Москва, како и актуелниот МВП на АБА-лигата, американскиот плејмејкер Мекинли Рајт од тимот на Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

