Џио Струмица до Одбојкарската федерација: Се извинуваме што немаме пари да ве носиме на скапи ручеци и вечери

Струмичкиот одбојкарски прволигаш, Џио Струмица жестоко реагираше на ситуацијата со изборот на сала домаќин за првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија со Шутова. Во соопштените објавено на социјалните мрежи, Џио Струмица прашува како е можно салата во која настапувале 10 години, а и актуелнава сеозна одеднаш да стане неадекватна за одбојка. во продолжение целосното обраќање на струимчкиот тим.

Драга Одбојкарска федерација на Македонија , на нашата екипа и е преку глава од да биде црна овца у првенството. Како да е малку што 80% од репрезентацијата на Македонија е излезена од нашата екипа, како да е малку што буквално САМИ ја држиме одбојката во Македонија на некое пристојно ниво и што секоја година се бориме за шампионска титула или сме шампиони.

СЕ ИЗВИНУВАМЕ што немаме пари да ве носиме на скапи ручеци и вечери. СЕ ИЗВИНУВАМЕ што секогаш сме граделе спортска култура и спортски дух и сме прогледувале низ прсти безброј пати. СЕ ИЗВИНУВАМЕ што имавме доверба во вас како ФЕДЕРАЦИЈА да се грижи за доброто на СИТЕ ЕКИПИ, а не само тие од кои има корист.

Може да зборуваме и за тоа колку имате капацетитет да организирате фер и правично првенство ( и дали сакате да го направите тоа ).. И за тоа како половина од вашите судии не ги знаат основните правила на одбојкарската игра.. Може да зборуваме и за вечноста на некои луѓе во федерацијата кои го донесоа нашиот САКАН СПОРТ на раб до пропаст. Ама не, тоа го оставаме за друг ден.

Денес имаме друга тема на дискусија. За тоа КАКО,
САЛАТА ПАРТИЗАН во Струмица.. во која нашата екипа се натпреварува веќе 10 години, вклучувајќи ја и оваа сезона. Во истата сала во која се натпреварува и екипата на Виктори Волеј во женска конкуренција.. ОДЕДНАШ, ОД ДЕНЕСКА – не е доволно добра за одбојка, и екипата на ОК ЏИО СТРУМИЦА треба да си најде НОВ ДОМ за да ги одигра таму преостанатите натпревари од првенството. Со цел нашата екипа да биде спречена да дојде до уште една титула.

Сме играле одбојка на -18, сме играле одбојка на +40. Половина од салите во Македонија немаат соблекувални, другата половина немаат ТОПЛА ВОДА. Ама само „нашата“ ПАРТИЗАН, не чини.

Луѓето во овој клуб се вложиле премногу пот, солзи и крв.. За да дозволиме да не третирате како РАК во националното првенство и да сакате да не ИСЕЧЕТЕ и да не тргнете настрана.

ОДБИВАМЕ ДА ГИ ИГРАМЕ СИТЕ ОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ ОД ПРВЕНСТВОТО НА ГОСТИНСКИ ТЕРЕН. ОДБИВАМЕ да бидеме „попаметните“ кои попуштаат, по не знам кој пат.

Се вчитува...