Со тренинзи на отворено и во теретана Џио Струмица ги почна подготовките за претстојната сезона. До крајот од оваа седмица струмичкиот одбојкарски прволигаш ќе има тренинзи само на отворено и во теретана, а од понеделник ќе почне со тренинзи во сала која во меѓувреме треба да биде подготвена според пропишаниот протокол.
И одбојкарите како и ракометарите од комисијата за заразни болести преку Федерацијата добија протокол за тренирање на затворено. Ако има услови, Џио Струмица во подготвителниот период би организирал и некој турнир во спротивно ќе одигрува пријателски натпревари со екипи од земји во кои за нас се отврени границите, велат за ЕКИПА од струмичкиот тим .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА