Одбојкарите на Џио Струмица се на еден триумф до нов шампионски трофеј откако поведоа со 2-0 во финалната серија од домашното првенство. Струмичани го добија првиот меч од серијата со Шутова со 3-0 во сетови (25:19, 25:17, 25:21) и веќе имаат сигурна предност со оглед дека во финалето влегоа со водство од 1-0 поради подобриот скор во меѓусебните дуели во текот на сеозната.
Веќе в четврток за кога е закажан вториот натпревар, Џио Струмица на домашен терен може да биде промовиран повторно во шампион на Македонија. За струмичкиот состав тоа би била седма шампионска титула. Оваа екипа го освои и трофејот во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА