ЏИО Струмица по дванаесет одиграни натпревари не знае за пораз во Првата државна лига на Македонија. Овој пат пред избраниците на Ричлиев „падна“ Вардар, а струмичани славеа со 0-3 (21-25, 16-25 и 15-26). Домашниот состав кој претрпе огромни промени оваа зима, беше рамноправен само во првиот сет, во кој „црвено-црните“ стигнаа до 21 постигнат поен.
Предводник на Вардар беше бугарскиот интернационалец Колев со осум поени, него го следеше Топалов со четири погодоци, додека Американецот Чапел додаде пет поени. Првото име кај гостите со 14 поени беше Милев, десет додаде Михаилов, додека со по девет погодоци натпреварот го завршија Николов и Наков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА