Одбојкарите на Џио Струмица експресно го завршија настапот во Челинџ-купот на ЦЕВ, откако одиграа само една средба од вомечот против Омозија.
Кипарскиот тим славеше со 3-0 во сетови 25-20, 25-19, 25-18) и беше голем фаворит и за вториот меч, што на крајот сепак мораше да биде одложен. Имено, поради затворањето на солунскиот аеродром струмичани немаше да бидат во можност да се вратат назад во Македонија преку предвидената рута, по што во договор со Омонија и со ЦЕВ вториот натпревар нема воопшто да се игра, а кипарскиот тим ќе се пласира во следната рунда.
„После синоќешниот пораз од екипата на Омонија во Никозија со 3-0, следуваше нова лоша вест за нашата експедиција. Се променија сите летови од Кипар кон Грција и другите земји во порани часови поради целосното затварање во карантин на градовите во Кипар и Грција, а со тоа и нивните аеродроми. Тоа значеше откажување на денешниот втор реванш натпревар во взаемен договор помеѓу нас, Омонија и ЦЕВ со цел безбедно пристигање на нашиот тим во Струмица. Ви благодариме на сите за несебичната подршка во ова наше европско претставување. Посебна благодарност до МНР, македонската амбасада во Атина, грчката амбасада во Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Одбојкарската федерација на Македонија и Општина Струмица без чија помош организацијата на ова патување во ваква вонредна ситуација не би се случила. Се надеваме на подобри времиња на сите нас. Останете во добро здравје со вашите најблиски“, објавија од ОК Џио Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА