Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски и дефинитивно кариерата нема да ја продолжи во шпанската Ла лига во дресот на Џирона. Македонецот кој во Шпанија дојде од Абердин е пред кам-бек во шкотскиот шампионат.
И тоа ни помалку ни повеќе најсериозен кандидат за неговиот потпис е Ренџерс. Дополнителен сигнал за можно заминување е фактот што Миовски не се најде во составот за претстојниот дуел со Вилјареал кој е игра в недела.
Според медиумите во Шкотска, Ренџерс е подготвен да го доведе на позајмица со опција за откуп. Миовски покрај Абердин и Жирона има настапувано и за МТК, Ренова, Работнички, Македонија ЃП и Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

