Официјално на прес-конференција, Џирона го промовираше Бојан Миовски како нов фудбалер на клубот.
Миовски на средбата со новинарите кажа дека го гледа овој клуб како можност за напредок во кариерата, и со нетрпение очекува да почне да игра и да постигнува голови.
„Не беше тешко да се одбере Џирона и се радувам на можноста. Цел живот тренирам за ваква можност и се радувам што ја добив. Ја одбрав Џирона поради стилот на игра, тоа е најдобриот за мене. Во соблекувалната веднаш бев прифатен без проблем, како да сум долго време тука и дел од ова семејство, и тоа ме радува. Откако почнав да се занимавам со фудбал сонувам да добијам шанса да играм во Лигата на шампионите. Не се плашам од ништо, ги знам моите квалитети, и ќе имам добри фудбалери околу мене, и се надевам дека само ќе напредувам од ден на ден. Не чувствувам никаков притисок, овој клуб е можност за мене да напредувам како играч“, изјави Миовски.
За амбициите на клубот, тој кажа дека сака клубот да се претстави добро во Лигата на шампионите, и во шампионатот да бидат подобри од лани.
„Гледам напред на предизвикот, не само во ЛШ, имаме амбиции да бидеме подобри од лани. Не можам да прогнозирам колку голови ќе постигнам, но ветувам дека ќе дадам се од себе да ги постигнам повеќе“, рече Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА