Џирона и го зема скалпот на Барселона и ја симна од врвот на Ла Лига

Џирона стави крај на серијата на победи на Барселона во Ла Лига. Во последниот натпревар од 24. коло славеше со 2-1 на домашен терен и тоа по целосен пресврт.

Јамал прошушти шанса да ја доведе Барселона во предност во 45. минута. Обидот од белата точка на младата ѕвезда заврши до стативата па на полувреме резултатот гласеше 0-0.

Барселона сепак стигна до предност во 59. минута по голот на Кубарси со глава од шестнаесетникот. Но, славјето траеше само три минути пред Лемар пред самата гол-линијата да донесе изедначување.

Домаќините стигнаа и до целосен пресврт со голот на Белтран во 87. минута од средбата за конечни 2-1.

Со овој пораз Барселона му го препушти врвот на табелата на Реал Мадрид и има заостанок од два бода. Џирона пак со 29 бодови е изедначена на 11. позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...