Џирона ја совлада Севиља, Миовски остана на клупата (ВИДЕО)

Екипата на Џирона ја продолжува одлична форма, откако дојде до уште една победа во шпанската Ла Лига. Тимот на Миовски оствари голема победа на „Рамон Санчез Пизхуан“ на теренот на Севиља со 0-2.

Мартин во 41. минута од средбата, и Руиз од пенал во 73. ја донесоа победата, втора по ред за Џирона во четвртиот меч во шпанскиот шампионат.

Бојан Миовски остана на клупата цел меч, и не доби шанса за настап на овој натпревар, а веќе утре репрезентавниот напаѓач треба да биде во Скопје и да се приклучи на националниот тим на подготовките за дуелите со Фарски Острови и со Ерменија во Лигата на Нации.

Се вчитува...