Феноменален натпревар за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во 14. коло од шпанската Ла Лига, издвојувајќи се како клучниот играч во победата од 4-1 против Еспањол.
Џирона до победата дојде со сите погодоци постигнати во првиот половина час од играта, а клучна фигура беше македонскиот напаѓач кој запиша два гола, негови први во Ла Лига, и една асистенција.
Миовски најпрво му асистираше на Брајан Хил за водство од 1-0, а потоа и самиот во 16. минута го постигна својот деби гол во Ла Лига.
Веќе во 22. минута Миовски и вторпат стрелаше на сличен начин за водство и од 3-0.
🚂😤 En Montilivi hay una 𝐚𝐩𝐢𝐬𝐨𝐧𝐚𝐝𝐨𝐫𝐚 llamada Girona.
😬👎🏼 El Espanyol ha encajado 4 goles en 27 minutos.
⚽️🔝 Bojan Miovski se ha estrenado como goleador con un doblete.
🎥 [@LaLiga] pic.twitter.com/vIGC55JYOy
— Afición Deportiva (@AfDeportiva_) November 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА