Екипата на Џирона објави емотивна фотографија од Бојан Миовски, кој вчера на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн постигна гол, и потоа се молеше за настраданите во страшниот пожар во Кочани.
Миовски по постигнувањето на голот, покажа кон небото и голот го посвети на трагедијата која ја потресе цела Македонија. Џирона ја постави фотографијата и на македонски јазик напиша: „Нашиот најдобар стрелец“.
Македонскиот фудбалер се очекува да стартува и во вторник, на натпреварот со Велс, со надеж дека добрата форма ќе ја пренесе и на тој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА