Џирона почна да губи здив во трката за титулата во Ла Лига откако овој тим ремизираше 0-0 на домашен терен против Реал Сосиедад. Гостите од Баскија не се нималку наивен противник, но на Џирона и беа неопходни три бода за да ја продолжи трката со Реал Мадрид, но најпријатното изненадување во Ла Лига сезонава на крајот мораше да се задоволи само со еден бод од овој натпревар.
Голем проблем секако беше неиграњето на најдобриот стрелец Довбик, кој поради повреда на коленото не беше во тимот и прашање е кога ќе можеме повторно да го видиме на терените. Џирона успеа да псотигне гол кон средината на првиот дел, но истиот беше поништен по долга ВАР-анализа поради офсајд. Добро организираната одбрана на Реал Сосиедад успеа да одолее на налетите на домаќинот,па овој дуел на крајот заврши со поделба на бодовите.
Џирона сега има еден бод помалку од лидерот Реал Мадрид, но и меч помалку од „кралевите“, кои утре ќе го играат својот натпревар од ова коло, на домашен терен против градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

