Џирона се врати на победите и на врвот на табелата (ВИДЕО)

Екипата на Џирона се врати на победите и на врвот на табелата во шпанската Ла Лига, откако на гости ја совладаа екипата на Кадиз минимално со 0-1.

Многу им помогна и фактот што домашните играа со играч помалку уште од 10. минута, откако беше исклучен Мачис.

Гарсија во 59. минута погоди во мрежата, и ги донесе трите бода за Џирона, која има одличен старт на сезоната со седум победи од девет меча. Џирона минатото коло на домашен терен загуби од Реал Мадрид со 0-3, и го претрпе првиот пораз во сезоната.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...