Англискиот легендарен голман Џо Харт, изјави дека ќе се повлече од професионалниот фудбал по завршувањето на сезоната.
36-годишниот голман моментално е дел од Селтик, со кого лани ја освои тројната круна во Шкотска. Харт информираше дека оваа сезона ќе му биде последна.
„За се што постигна во фудбалот, Џо заслужува пофалби и честитки. Беше одлична предност за Селтик како на домашно, така и на меѓународно ниво. Тој е неверојатна личност, на многумина одличен соиграч во текот на кариерата. Неговата работна етика дава пример за сите во фудбалот. Исто така сум уверен дека ќе продолжи сезонава со ист интензитет и посветеност, како што беше до сега“, рече тренерот на Селтик, Брендан Роџерс.
Харт имаше 690 настапи на клупско ниво. Бранеше за Манчестер Сити, Тотенхем, Вест Хем, Барнли, Бирмингем, Торино, Транмере и Шурсбери. Беше дел од репрезентацијата на Англија на четири големи турнири, од 2010 до 2016 година, дресот на англиската репрезентацијата го носеше на 75 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА