Џо Кол оди во пензија

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, Џо Кол ја завршува кариерата. Последен клуб на 37-годишниот офанзивен играч за врска беше Тампа Беј во МЛС лигата во САД.

Почна во Вест Хем од каде отиде во Челси каде што беше меѓу првите аквизиции на Роман Абрамович по преземањето на клубот. Потоа настапуваше и за Ливерпул, Астон Вила и за Лил. Во 2016 година се пресели од другата страна на Атлантикот.

За англиската репрезентација одигра 56 натревари во периодот од 2001 до 2010 година и постигна 10 гола и со националниот тим учествуваше на три Светски првенства, во 2002, 2006 и во 2010 година.

„Си го исполнив сонот. Комплетно. Се надевам дека следните две децении во животот ќе ми бидат посебни како што ми беа овие 20 години професионална фудбалска кариера“ – изјави Кол.

Кол за Вест Хем дебитираше на само 17 години. Во Челси помина седум години и имаше повеќе од 280 настапи во сите натпреварувања.

 

 

 

Се вчитува...