Џоб Белингем тргнува по стапките на својот брат

Германските медиуми пишуваат дека трансферна цел за Борусија Дортмунд во следните неколку месеци ќе биде Џоб Белингем. Англискиот фудбалер кој има 19 години и кој игра за Сандерленд, би можел во следниот период да се пресели на „Вестфален“.

Џоб игра на иста позиција како и неговиот брат, кој беше дел од „милионерите“, а во 2023 година замина во Реал Мадрид.

Договорот на помалиот Белингем со Сандерленд е до 2028 година, а германскиот тим се надева дека ќе може да го добие неговиот потпис за сума од 25 милиони евра, иако Сандерленд бара 30.

Се вчитува...