Џоел Ембид би можел да се врати на теренот и оваа сезона

Камерунскиот центар на Филаделфија, Џоел Ембид би можел да се врати на теренот до крајот на сезоната, пренесуваат американските медиуми. Центарот помина низ оперативен зафат по повредата на менисусот, а дали повторно ќе го настапи оваа сезона ќе зависи од тоа како ќе се одвива рехабилитацијата во следните недели.

Актуелниот МВП на првенството на САД и оваа сезона беше претендент за престижната награда, но со оглед на тоа што нема да го запази правилото за најмалку 65 одиграни натпревари во сезоната јасно е дека ќе мора да ја препушти титулата на друг кошаркар.

Пред повредата Ембид ја предводеше НБА во просекот на постигнати поени со 35.3 поени по натпревар, а додаваше и 11.3 скокови и 5.7 асистенции по меч.

Се вчитува...