Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е прогласен за најкорисен кошаркар во најсилната лига на светот НБА. Ембид ја прекина доминацијата на Никола Јокиќ кој беше прогласуван за МВП во последните две сезони.
Ембид низ 66 одиграни натпревари во досегашниот тек на Лигата, во просек забележа 33 поени по натрпевар, 10 скока и 4 асистенции. Кошаркарот кој има француски и камерунски пасош зад себе ги остави и Јокиќ и Адетокумбо.
Играчот на Филаделфија доби 73 гласа, далеку зад себе оставајќи го Јокиќ кој доби 15, а Гркот Адетокумбо 12 гласа.
The 2022-23 Kia NBA Most Valuable Player is… Joel Embiid!#NBAAwards | #KiaMVP | @Kia pic.twitter.com/Ztj5HCzfuL
— NBA (@NBA) May 2, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

