Американскиот репрезентативец Џоел Ембид е надвор од терените изминативе два месеци поради проблеми со коленото. И иако се чинеше дека се ќе биде во ред со брзо негово враќање, се покажа дека тоа нема да биде случај.
Иако претходно се нагласуваше дека Ембид и неговиот тим се обидуваат да избегнат операција, се чини дека таа е неизбежна.
Сега и дефинитивно е јасно дека се размислува за замена на менискусот, како и за остеотомија. Станува збор за процедура во која лекарите ја кршат коската во колкот за да го пренасочат зглобот и да го намалат притисокот, што претставува радикална медицинска постапка.
Па, ако Ембид се одлучи да оди на таква операција тогаш ќе мора да паузира од терените најмалку една година.
„Поради некоја причина, она што требаше да биде рутинско закрепнување и враќање тргна целосно во спротивен правец“, пишуваат американските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

