Џоел Ембид повторно ќе мора да пропушти неколку натпревари

Центарот на Филаделфија 76, Џоел Ембид, ќе пропушти минимум три натпревари поради фрактура на синус предизвикана од удар од бекот на Индијана Пејсерс, Бенедикт Матурин.

Тоа значи дека 30-годишниот американски репрезентативец со камерунски корени и со француско државјанство нема да му биде на располагање на тренерот Ник Нурс на минимум следните три натпревари. Нова контрола ќе има во понеделник кога ќе се дознае дали ќе биде потребно ново мирување.

Ембид веќе пропушти 17 натпревари во НБА оваа сезона и во септември потпиша нов тригодишен договор со Филаделфија вреден 193 милиони долари.

Се вчитува...