Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, ќе го пропушти натпреварот против Атланта во НБА лигата поради повреда на десниот лист.
„Ембид, додека учествуваше во програмата за лекување на десното колено за време на паузата за Ол-стар натпреварот, пријави болка во десната потколеница. По консултација со лекарите, Ембид имаше дневен третман, работеше на теренот и имаше кондициски тренинг. Во текот на неделата ќе бидат објавени нови вести за степенот на неговата повреда“, се вели во соопштението од Филаделфија.
Ембид одигра 31 натпревар во НБА досега оваа сезона, со просек од 26,6 поени, 7,5 скока и 3,6 асистенции по натпревар. Кошаркарите на Филаделфија се на шестото место на табелата во Источната конференција на НБА со 30 победи и 24 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

