Џоел Ембид еден од најперспективните кошаркари поради пречестите повреди никогаш не ја докажа својата класа во НБА лигата. Отсуствуваше во првите две сезони по драфтот на кој беше одбран како прв пик, а повредите продолжија да го мачат и во текот на кариерата.
Во последните две сезони настапи на само 58 натпревари па според инсајдерот за Филаделфија, Кит Помпи блиску е и до заминување во пензија.
„Мислам дека Џоел Ембид можеби знае дека крајот е близу… И ова е само мое мислење. Само се обидувам да им објаснам на луѓето низ што поминува – ретко имате играч да ви каже колку боли и колку е тешко. Она што го научив од тоа е дека без разлика кој е во тимот, културата е иста и мислам дека Џоел Ембид знае дека крајот е близу, можеби не оваа сезона, но е близу“, изјави Кит Помпи за „ЕСПН“.
Ембид врвот на кариерата го достигна во 2023 година кога беше прогласен за МВП на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

