Екипата на Арсенал со победа го стартуваше овогодинешното издание во Лигата на шампионите, откако славеше на „жешкиот“ терен во Билбао со 0-2, благодарение на головите во второто полувреме.
Избраниците на Микел Артета имаа слаб прв дел, без ниту еден удар кон голот на Симон, но во вториот дел заиграа далеку подобро. „Џокерите“ Мартинели и Тросар кои влегоа во вториот дел, ја донесоа победата на англискиот тим.
Се играше 72. минута кога Тросар му асистира на Мартинели, а овој успеа да го совлада Симон по одлична акција. Во 87. минута обратна комбинација – Мартинели му асистира на Тросар кој успеа да ја запечати победата на Арсенал од ова тешко гостување.
Фудбалерите на белгиски Унион направија големо изненадување, откако триумфираа на гостински терен во Ајднховен против ПСВ со 1-3. Ројал Унион Сент Жил стигна до предност во 9. минута со голот од пенал преку Дејвид. Во 39. минута на 2-0 зголеми Аит Ел Хаџ, и со тој резултат се замина на полувремето. Белгијците во 81. минута стигнаа и до убедливи 0-3 со голот на Мекалистер, додека Ван Бомел во самиот финиш само успеа да го ублажи поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

