„Џокерот“ Малески со два гола донесе победа на Струга ТЛ против Пелистер

Христијан Малески е херојот на Струга ТЛ во натпреварот против Пелистер. Стружани долго време се мачеа да дојдат до предност во дуелот со битолскиот тим.

Бледи Шкемби во игра потоа го уфрли Малески, кој врати со два гола во финишот од средбата. Првиот во 84. минута, а вториот во четвртата минута од судиското надополнување.

За стружани ова беше седмата победа во осмиот меч, има само едно „реми“ против Шкендија на домашен терен и се искачи на првото место на табелата, сега со два бода предност пред Вардар и Шкендија. Струга ТЛ одново ја сочува мрежата недопрена, и е тим со најмалки примени голови во досегашниот тек на првенството.

Од друга страна Пелистер и натаму мака мачи да излезе од длабоката криза. Ова за нив беше петтиот пораз по ред, и со шест бодови сега се на 10 позиција на табелата со два бода повеќе од Работнички, и два бода помалку од Тиквеш на деветото место.

Се вчитува...