Поранешниот британски број еден Грег Руседски верува дека Новак Ѓоковиќ треба да го прескокне Ролан Гарос.
Руседски е убеден дека Ѓоковиќ треба добро да се подготви за Вимблдон, каде што традиционално игра добро и каде што има добри шанси за 25-от трофеј од гранд-слем турнирите.
„Мислам дека Новак треба да размисли да го прескокне Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон. Навивачи на Новак, има надеж. Замислете го да игра толку добро на Вимблдон. Имам чувство дека Ролан Гарос е надвор од неговиот дофат поради неговата физичка игра“, рече Руседски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

