Џон Хејтинга е назначен за нов тренер на Ајакс, откако денеска потпиша двегодишен договор со клубот од Амстердам.
Хејтинга, кој порасна во младинскиот систем на клубот и беше дел од сениорскиот тим на Ајакс седум и пол сезони, беше еден од асистентите на Арне Слот во Ливерпул сезонава.
Хејтинга доаѓа на местото на Италијанецот Франческо Фариоли, кој поднесе оставка на почетокот на овој месец по губењето на титулата во домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

