Легендата на Челси, Џон Тери кој со капитенската лента ги предводеше „сините“ до шампионскиот трофеј во 2012 година беше дел од ждрепката за нокаут-фазата на овогодинешното издание на Лигата на Шампионите, а за медиумите одговараше на повеќе прашања.
Едни од нив беа противникот кој засекогаш ќе го памети и најдобриот тим против кој се сретнал. Двата одговори беа поврзани за Барселона.
„Никогаш нема да ги заборавам средбите со Барселона во полуфиналето во 2012 година кога ја осоивме Лигата на Шампиони“, изјави Тери па одговори и на второто прашање.
„Најтежок противник беше Барселона во сезоната 2004/05. Ги имаа Роналдињо и Меси. Тоа се најопасните играчи против кој сум играл“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА