Џон Тери го прокоментира заминувањето на Абрамович од Челси

Роман Абрамович по забраните кои ги доби поради конфликтот помеѓу Русија и Украина се одлучи да го продаде Челси, а парите од продажбата да ги даде во хуманитарни цели за жртвите од војната. Потегот на Русинот кој 20 години беше сопственик на клубот ги воодушеви сите, а еден од нив е и Џон Тери.

Легендата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ во ерата на Русинот оствари вкупно 17 трофеи од кои пет во Премиерлигата и еден во Лигата на Шампионите па имаше само пофални зборови.

„Фала Роман, ти си најдобриот газда на светот“, напиша Тери на своите социјални медиуми.

Се вчитува...