Легендата на Челси, Џон Тери, би можел да се врати во Премиер – лигата како менаџер на Њукасл. Би бил тоа прв самостоен тренерски ангажман за Тери кој беше асистент во стручниот штаб на Астон Вила минатата сезона.
Обложувалниците во Британија драстично го намалија коефициентот за Тери да го преземе кормилото на Њукасл. Ова откако Стивен Џерард ја одби понудата на раководството на „Сент Џејмс Парк“, а пропаднаа разговорите и со Кике Флорес Санчес. Најавите за ангажман на Жозе Мурињо се сепак само сензација која нема темелна поткрепа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА