Џон Тери купува англиски фудбалски тим

Џон Тери е дел од конзорциум кој планира да го преземе Колчестер Јунајтед, член на четвртото ниво на англискиот фудбал, објавуваат британските медиуми. Поранешниот капитен на Англија и Челси наводно е вклучен во договор вреден 14 милиони фунти за купување на Колчестер, кој моментално е 13. во Лига Два.

Весникот „Сан“ објави дека Тери, кој работи во младинската академија на Челси по тренерските обврски во Астон Вила и Лестер, ќе има „значајно влијание“ врз спортскиот сектор на клубот од Есекс.

Колчестер е на продажба од септември, а сопственикот и претседател на клубот, Роби Каулинг, изјави дека „сака да го остави управувањето на новата генерација“.

Се вчитува...